Водечка организација: АРАС (Романија)
Обезбедува непречена координација, контрола на квалитетот и навремена испорака на сите проектни активности во земјите.
Водечка организација: ГАТ (Португалија)
Идентификува најдобри практики во намалувањето на штети од НПС низ Европа, изработува професионален водич и организира работилници за споделување знаење и студиски посети.
Главни резултати:
- База на податоци на европско ниво за практики на намалување на штети
- Извештај од анализа и професионален водич
- 2 студиски посети и 8 работилници
Водечка организација: Ре-Генерација (Србија)
Развива и пилотира повеќејазична едукативна платформа за професионалци од областа на намалување на штети на теми поврзани со НПС, вклучително превенција од предозирање, проверка на дроги и дигитален пристап.
Главни резултати:
- Платформа за е-учење на 5 јазици
- 6 регионални пилот-обуки + 10 онлајн работилници
- Сертификација за 650 професионалци
Водечка организација: ХОПС (Северна Македонија)
Пилотира иновативни дигитални услуги за поддршка (како што се линии за помош и чет-платформи) приспособени за корисници на НПС, кои се креирани во соработка со заедниците и нивните мрежи за поддршка.
Главни резултати:
- 4 пилотирани онлајн услуги за поддршка во Романија, Србија, Северна Македонија и Португалија
- Обука за персоналот + содржина креирана во соработка со заедниците
Водечка организација: АРАС (Романија)
Промовира проектни резултати на локално, национално и европско ниво. Гради партнерства, организира тркалезни маси за политики и споделува алатки за интегрирање на намалувањето на штети во јавните системи.
Главни резултати:
- 4 национални тркалезни маси и краток документ за политики (policy brief)
- 8 работилници за дисеминација/промовирање
- Застапување на ниво на ЕУ преку партнерски мрежи
